Вонредната состојба не значи задолжително воведување полициски час и ограничено движење


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Заменик-претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова, преку статус на својот Фејсбук профил го објасни за граѓаните значењето на воведената вонредна состојба во Македонија.

Таа вели дека вонредната состојба сама по себе не значи веднаш воведување на полициски час, карантин или забрана за движење, но дека ако Владата процени, може да донесе таква мерка дополнително.

„Вонредната состојба е правна мерка гарантирана со член 125 од Уставот, која дава можност на Владата да носи уредби со законска сила (одлуки), заради поефикасно справување и заштита од вирусот Ковид-19 и ефикасно и брзо надминување на негативните последици по економијата и стопанството. За сега сите активности на граѓаните продолжуваат, согласно препораките и мерките на надлежните институции.Сепак ако Владата процени дека состојбата може да се влоши, во иднина може да воведе и некоја од горенаведените мерки (полициски час, карантин итн.) со една единствена цел заштита на населението и поефикасно справување со корона вирусот.

Колку сме подисциплинирани и свесни толку побрзо ќе минува‼️‼️‼️

Затоа драги мои сограѓани, без создавање непотребна паника, да си го ограничиме движењето (да седиме повеќе дома), да се заштитиме себеси и околината…

Редовно информирајте се од пресовите на Владата за моменталните состојби, не ширете погрешни информации и почитувајте ги донесените мерки и препораки…

Седејќи дома и покажувајќи дисциплинираност и самосвест да спречиме ширење на вирусот и да го заштитиме јавното здравје“, напиша Зајкова на Фејсбук.