Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Информациите неофицијално се добиени од полициски извори, но се чека официјална потврда од МВР!
Горан Грујевски и Никола Бошковски вечерва се уапсени во Солун, пишуваат дел од македонските медиуми, според информации од полицијата, иако се уште нема официјална потврда од МВР. Двајцата во моментов се наоѓаат во притвор во Грција.
Грујевски и Никола Бошковски, обајцата бивши началници во Петтата управа, од 18 јули не се достапни.
Одлуката за притвор Апелациониот суд во Скопје ја донесе на 18 јули, но тие останаа на слобода чекајќи го изјаснувањето на врховните судии. Оттаму информацијата дека треба да одат во притвор беше позната во јавноста на 26 јули околу 14 часот, а Врховен официјално преку соопштение ја потврди еден час подоцна. Процедурата потребна за решенијата, односно налозите за апсење да пристигнат од судот до МВР траеше околу седум часа, што според познавачите, е повеќе од доволно за засегнатите да се пуштат во бегство.
Биле барани на шест-седум локации за кои МВР се сомневала дека таму може да ги пронајде, но не биле најдени. Исто така, не можеле да ги лоцираат ниту преку мобилните телефони бидејќи наводно ги „заборавиле“ дома.
На четвртиот ден од бегството МВР објави потерници.