Вонредна состојба во Хрватска: Јадранот беснееше со бранови од 7 метри (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Високите морски бранови кои достигнаа висина од 7 метри и удрија на хрватското крајбрежје предизвикаа вонредна состојба во Хрватска. 

Ветрот дува со брзина од 50 до 60 километри на час. Воената морнарица е подготвена да им помогне на цивилните бродови.

Од Jадролинија информираа  дека се забележани бранови високи и од седум метри. Сите катамарански линии се во прекин.

И во Италија вчера имаше невреме при што силен ветер предизвика паѓање на дрвја, и тоа уби неколку луѓе.