ВОЛШЕПСТВОТО НА ПРВИОТ БАКНЕЖ: Еве што се случува кога ќе бакнете некого првпат!

Sunset kissing couple.

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Без разлика дали вашиот прв бакнеж бил како од бајките или тотално промашување, секој се сеќава на својот. Но, не е само првиот бакнеж во животот важна прекретница, туку и првиот бакнеж со нов партнер. Во вашето тело тогаш се случува многу повеќе отколку што можете да си замислите.

„Бакнувањето е инстикт кој има за цел ослободување на хемикалии за да се искусат пријатни чувства. Усните имаат нервни завршетоци кои се стимулираат со бакнување, а потоа се активираат и другите сетила, како што е мирисот“, објаснува професионалната советничка Такиша Роланд-Џенкинс.

Меѓутоа, тоа не е се. Издвоивме уште пет неверојатни работи кои се случуваат во вашето тело кога некој ќе бакнете првпат.

СЕ ОСЛОБОДУВАТЕ ОД СТРЕСОТ
Истражувањата покажуваат дека по 15-минутно бакнување драматично се намалува нивото на хормонот што се лачи при стрес – кортизол. Кај машките учесници во истражувањето пораснал и окситоцинот, хемикалија во мозокот која предизвикува добро расположение. За жал, кај жените тој се намалил.


СЕ НАМАЛУВА ХОЛЕСТЕРОЛОТ
Исто така нивото на лошиот холестерол во крвта паѓа по романтично бакнување.

ТЕЧНОСТИТЕ ВО УСТАТА ВИ ПОМАГААТ ДА ИЗБЕРЕТЕ ПАРТНЕР
Очигледно, хемискиот состав на плунката ви помага вашето тело да одлучи дали личноста со која се бакнувате ќе ви овозможи здрави потомци. Тоа е еволутивен код во човекот и на тоа не може да се влијае.


ДОАЃА ДО НАВАЛА НА АДРЕНАЛИН
Адреналинот го забрзува пулсот, го зголемува нивото на енергија и ја поттикнува циркулацијата на крвта. Сето тоа се случува при првиот бакнеж.

СЕ ПРОИЗВЕДУВААТ ’СРЕЌНИ’ ХЕМИКАЛИИ
Не се работи само за адреналин и окситоцин, туку целото тело ослободува низа добри хемикалии. Една од позначајните е допамин, кој се произведува кога правите работи што ве исполнуваат и ве расположуваат.