„Волшебното самарче“ отпаѓа – се прекројува списокот со лектири за основно


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бирото за развој на образование изготви нов список со лектири за основното образование со кој се ревидира списокот на лектири од второ до деветто одделени. Целта е наставниците да добијат слобода во работата и збогатување на изборот на лектири, пренесува Фокус.

Списокот ќе биде достапен на увид и дебата за стручните лица да се произнесат.

„ Наставниците од основните училишта се поканети да се вклучат во јавната дебата и да го искажат своето мислење во однос на списокот за лектири, а предлогот ќе биде доставен за мислење и до универзитетите во Република Македонија, како и до Друштвото на писатели на Македонија. Списокот е објавен на веб страницата на МОН со покана за коментари и предлози од страна на сите заинтересирани лица“, велат од МОН.

Новина во понудениот список е тоа што „Малиот принц“ е задолжителна лектира за осмо одделение, а „Алиса во земјата на чудата“ е во изборни лектирни за петто одделение. Меѓу изборините за деветто одделение е „Хари Потер“, а „Волшебното самарче“ повеќе не е дел од списокот лектири.

„Зоки Поки“ останува дел од задолжителните лектири за второ одделение, а освен тоа се предлага задолжителна да биде и „Грдото пајче“.

„Шеќерна приказна“ задолжителна лектира за трето одделение.

За четврто „Петар Пан“, „Итар Пејо“ и „Сказна за детето Вилен“. „Орхан“ е во изборни лектири.

„Пајажината на Клементина“ и „Пипи долгиот чорап“ се задолжителни лектири за петто одделение.

„Белото циганче“, „Големи и мали“, „Робинзон Крусо“ и „Црни и жолти“, задолжителни лектири за шесто одделение.

„Силјан штркот“ на Марко Цепенков е задолжителна за седмо, потоа „Втората смена“, „20.000 милји под морето“ и „Авантурите на Том Соер“.

„Бегалка“ на Васил Иљовски за осмо, „Марта“ од Горјан Петрески, „Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери, „Хаклбери Фин“ од Марк Твен и „Дневникот на Ана Франк“.

За девето одделение задолжителни се „Сердарот“ на Глигор Приличев, „Повик на дивината“ од Џек Лондон, „Девојките на Марко“ од Оливера Николова, „Црни овци –антологија на светскиот расказ“ избор на Катица Ќулавкова и „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски. Меѓу изборни за деветто се „Бели мугри“ од Кочо Рацин и „Хари Потер и Каменот на Мудроста“ од Џ.К. Раулинг.