Волшебно издание “Поточиња 2019” викендов во Македонска опера и балет


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Детскиот фестивал “Поточиња” овој викенд по 16. пат ќе се одржи на 30. и 31. март 2019 година на сцената на Македонската опера и балет. Освен 15. нови детски композиции програмата ќе биде збогатена и со анимирани цртани филмови специјално подготвени за ова издание на Поточиња, а организаторот открива дека се подготвува и волшебна сцена како во детска бајка.

Домаќин на публиката ќе биде актерот Мартин Јорданоски во маската Поки кој ќе ги открива изненадувањата подготвени за публиката.


Од организаторот, Пап продукција, информираат дека сѐ е подготвено за уште една голема детска забава. На репертоарот се закажани шест претстави со почеток од 11:00, 13:00 и 19:00 часот во двата дена. Последните билети во ограничен број по цена од 250 денари може да ги најдете во Југотон, Билетарата на МОБ и онлајн на www.jugoton.mk и www.babyshop.mk.