Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германскиот автомобилски гигант, производителот Volkswagen го откри новиот дизајн на лого ознаката која ќе ја носат спортските R автомобили.
Откако на почетокот на септември „VW“ го претстави редизајнираното лого на својот бренд, на ред дојде и рестилизација на останатите ознаки кои ги користат на своите возила. Меѓу нив е и чуената ознака „R“ која ги краси само оние најјаки и спортски модели.
Германскиот произведувач вели дека редизајнираната ознака е помодерна, поистакната и поелегантна од претходната која можевме да ја видиме на „Golf R“ или на некои од постарите модели како што се „Scirocco R“, „Passat R36“ или „Touareg R50“.
Оваа компанија во моментов има само два „R“ модели, споменатиот „Golf R“ и „T-Roc R“.
Од „VW“ соопштуваат дека ова лого ќе дебитира на 11-ти октомври кога ќе виде претставен „Atlas Cross Sport R-Line“ за американскиот пазар.