Војник Татјана Лазаровска го величаше убиецот од Нов Зеланд на Фејсбук – ќе сноси последици од АРМ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бура од реакции на незадоволство и револт следеа откако припадничката на артилериската единица од АРМ, Татјана Лазаровска, на Фејсбук профилот напиша статус „Нобелова награда за храброст да му се даде на „напаѓачот”, човекот во Нов Зеланд. Браво, бравоо”. Генералштабот на АРМ најави санкции.

Лазаровска е вработена како професионален војник во АРМ. Од Генералштабот на АРМ велат дека ја осудуваат нејзината постапка и дека ќе биде сaнкционирана за ова.

„По сознанието од наша страна, согласно законските регулативи и надлежности почната е постапка за утврдување на одговорност и за преземање соодветни дисциплински мерки. Генералштабот најостро го осудува секој облик на изразување на каков било вид на нетрпеливост, дискриминирачко однесување или поддршка на истите од кого било. Од Генералштабот е наложено до потчинетите команди и единици секогаш да се преземат соодветни мерки за спречување и најостро санкционирање во рамки на законските надлежности на било кој непримерен облик на однесување и нарушување на угледот на Армијата од страна на своите припадници“, велат од АРМ.