Војната во Либија може да упати 800.000 мигранти кон Европа


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Воените дејствија во Либија можат да резултираат со нов мигрантски бран од околу 800.000 мигранти кои ќе се упатат кон Европа, првенствено кон Италија, предупредува либискиот премиер Фајез ал Сарај за Кориере дела Сера, а меѓу нив најверојатно ќе се кријат исламистички терористи.

„Брзо направете нешто“, рече тој, „влошувањето на ситуацијата во Либија би можело да принуди 800.000 мигранти и Либијци да ја окупираат Италија и Европа“. Меѓу нив, рече тој, би имало криминалци и, пред сè, џихадистите поврзани со ИСИС.

Сарај ѝ се заблагодари на Италија за посредувањето и поддршката на мирот во Либија.

Либискиот командант Калифа Хафтар ја „издаде Либија и меѓународната заедница“ со својата офанзива врз владата поддржана од ОН во Триполи, рече Сарај.

„Нам ни треба Рим и ЕУ да бидат обединети и цврсти во блокирањето на агресијата на Хафтар“, изјави тој за новинарите.

„Ѝ се заблагодарувам на Италија затоа што ја држи амбасадата отворена, за одржување на кампот Мисрата и за политичката поддршка од владата на Конте“.

„Се соочуваме со агресија што може да се рашири како рак во целиот Медитеран“ рече Сарај.