Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ВВС емитуваше коментар на својот меѓународно познат воен репортер Џереми Бауен за пресудите за Прлиќ, Праљак и останатите во Хаг.
Во екот на агресијата врз Босна и Херцеговина, Бауен известуваше од Мостар. За ВВС опиша зошто во 2007 година одлучи да сведочи во Хаг против Слободан Праљак, а ова се неговите зборови:
„Бев сведок на обвинителството против Праљак и другите обвинети во Хаг. Тој ме испрашуваше, бесен поради фактот дека му се суди за – како што тој тоа го гледаше – извршувањето на својата должност.
Долга листа на воени злосторства
Сведочев бидејќи во 1993 година, во екот на војната во Босна и Херцеговина, гледав што правеа во Мостар, на југот од земјата, 400 години стариот мост беше под оган од силите на Праљак. Тоа беше симболот на стара Босна која со сила сакаа да ја уништат. Уништувањето на Стариот мост беше само една точка на долгиот список на воени злосторства.
Во 1993 година босанските војници, кои беа опколени во источниот дел од Мостар заедно со илјадници цивили, се спротивставуваа на силите на босанските Хрвати на чело со Слободан Праљак. Осуден е за убиство на многу цивили, како Фрањо Павловиќ, кому и јас лично, заедно со неговата сопруга и пријателите се обидовме да му помогнеме, но веќе беше мртов.
Цивили умираа бидејќи Праљак и другите обвинети за овие злосторства се обидуваа да направат етнички чиста држава на босанските Хрвати, што судот како чин го прогласи за злосторничко здружување. Нивните воени злосторства вклучуваат протерување на цивили, мнозинството муслимани, кои сакаа да ги избркаат или да ги убијат.
Ноќе гледав како под оган ги тераат цивилите да ја преминат линијата на разграничување во источниот дел од градот. Овие снимки беа користени како доказ на судењето на Праљак. Од луѓето кои ги прогонуваа во источниот дел од Мостар слушнав многу потресни приказни за убиства, силувања и етничко чистење од страна на хрватските сили.
Жртвите, од кои илјадници беа во Хаг, благодарение на Меѓународниот суд за бивша Југославија, доживеаја барем малку правда. Задачата на судот, да ги осуди најлошите воени злосторници кои Европа ги видела после нацистите, не смее да биде засенета од самоубиството на Слободан Праљак“, порача Џереми за ВВС.