Водителот ја замоли порно актерката да покаже што ѝ правел Трамп (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сторми Даниелс, порно актерката која тврди дека имала афера со Доналд Трамп, гостуваше кај познатиот американски водител Џими Кимел само еден ден откако Доналд говореше пред нацијата за националната состојба.

Непосредно пред нејзиното гостување, се појави писмо во кое таа наводно ја демантира љубовната афера со Трамп, па водителот веднаш ја праша дали тоа писмо го напишала таа.

„Не знам, сум го напишала ли? Овој потпис не изгледа како мојот“, дипломатски изјави Даниелс. Кога Кимел ја праша од каде дојде писмото, таа одговори: „Не знам. Од интернет“.

Џими се обиде од неа да извлече признание дали потпишала договор за тајност со Трамп, поради кој добила 130.000 долари, но ни тоа не му успеа.

„Да не си потпишала договор, веројатно ќе можеше да кажеш дека нема потпишано“, инсистираше Кимел, на што порно актерката само се насмевна и му рече дека е многу паметен.

После тоа, Кимел изваде две кукли кои ги претставуваа Сторми и Трамп, и побара од Даниелс да му покаже нешто малку непријатно.

„Сторми , покажи ми со куклите што ти направи тој“, ја замоли водителот, на што таа изваде кукла со трака на устата, симболично упатувајќи на договорот за тајност. „Тоа е настрано“, изјави Кимел, алудирајќи на вистинското лепење на лента врз устата од куклата.