Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Синоќа, на 24 јули, периодов прилично актуелната телевизиска станица (поради аферата „Рекет“ и вмешаноста во истата на нејзиниот сопственик Бојан Јовановски) 1Тв можеби го емитуваше последниот Дневник. Тоа го изјавија во живо водителите на централниот дневник на 1Тв Кристона Атовска и Елена Џугуманова.
„1ТВ беше мета на неосновани напади, шпекулации и лажни вести со цел да се дискредитира новинарскиот кадар. Лажните вести, можат да бидат интересни за одредени центри на ден-два, но останува поголемата слика. А тоа е дека 1ТВ во иднина може да биде медиум за остварување на професионалните планови на постоечките но и идните генерации на новинари. Целиот новинарски кадар на 1ТВ е горд што покажа и докажа пред македонската јаност дека дури и на своја штета постојат луѓе кои ги бранат новинарските стандарди и новинарската професија. Начинот на кој телевизијата известува за случајот Рекет е позитивен преседан во македонското новинарство“ – велат од телевизијата.
Иднината на медиумот, кој започна со емитување програма во март 2018 година е доведена во прашање. Да се надеваме, дека ова не е одјава, туку свеж почеток за рестартирање на 1ТВ. Со оваа информација го завршуваме централниот дневник и засега ви велиме довидување# – порачаа водителките на вечерашниот Дневник на 1Тв.
Вработените во „1ТВ“ од вчера се на колективен одмор, а останува неизвесно дали ќе се вратат на работа. Ова следува кога Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го отвори случајот „Рекет“, каде што првоосомничен е Бојан Јовановски, кој се претставуваше како неформален сопственик на телевизијата.