Водич за преживување на човештвото


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Првиот човек на Обединетите нации, Генералниот секретар Антонио Гутереш кажа дека новиот, голем извештај за климатските промени „претставува водич за преживување на човештвото“.

Чистата енергија и технологија може да се искористат за да се избегне можна климатска катастрофа, се истакнува во извештајот.

Меѓутоа, на состанокот во Швајцарија на кој ги објавија откритијата, климатолозите предупредија дека клучната цел за глобалното зголемување на температурата веројатно ќе биде изоставена.

Тие во извештајот објаснуваат дека брзото намалување на потрошувачката на фосилни горива може да ги спречи најлошите ефекти на климатските промени.

Како одговор на откритијата во извештајот, Гутереш наведе дека сите земји би требало да изнесат свои планови за нултата потрошувачка за една деценија.

Овие цели би требало брзо да ги намалат емисиите на гасови со ефект на стаклена градина кои ја загреваат атмосферата на Земјата.

„Брзо се затвора прозорецот на можностите за обезбедување животна и одржлива иднина за сите“, се наведува во Извештајот.

Владите претходно договорија дека ќе дејствуваат за да се избегне порастот на глобалната температура над 1,5 Целзиусови степени.

Меѓутоа, светот веќе се загреа за 1,1 степен и сега експертите предупредуваат дека температурата веројатно ќе надмине 1,5 степени во 2030-тите години.

Со извештајот на Меѓувладиниот панел за климатските промени, научното тело кое го советува ОН за растечката температура, се сложија сите вклучени влади.

Нивната студија има за цел на едно место да претстави неколку значителни наоди за причините, влијанијата и решенијата во борбата против климатските промени кои се објавени од 2018 година.

Се наведуваат значителните ефекти кои климатските промени веќе ги имаат врз светот и се објаснува дека тие ќе станат и полоши.