Водич за „фантастичен муслимански секс“ ја разбранува британската и светската јавност


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во книжарниците во Велика Британија се појави книгата „Муслиманско секс упатство: Халал водич за врвен секс“ (The Muslim Sex Manual: A Halal Guide to Mind-Blowing Sex). Оваа книга веднаш предизвика бура од реакции и ја вознемири муслиманската заедница во Англија.

Авторката, која одлучила да остане анонимна, а се претставува под псевдонимот Ум Муладат, дава муслимански љубовни совети за сè почнувајќи од љубов па до најдобри пози за секс. Главната порака на книгата е дека жените може да преземат иницијатива за своите сексуални односи.

– Видов многу муслиманки кои се мажат без потреба да научат нешто за сексот. Знаеле само за „пенис во вагина“, но многу малку за тоа како да го зачинат својот љубовен живот со различни пози и работи во кревет. Сето тоа недостига во современата исламска литература, изјавила авторката за магазинот Guardian.

Претседателката на Муслиманската женска мрежа во Велика Британија, Шаиста Гохир, ја подржува книгата поради тоа што смета дека е време жените да почнат да разговараат за сексот.

– Вината која се поврзува со сексот им е всадена на жените уште од детството. Сексот им е претставен како нешто нечисто, а женската сексуалност како нешто што се контролира. Жените стапуваат во брак, а немаат самодоверба да кажат „јас не уживам во ова“ или „јас го сакам она“. Време е да се водат отворени разговори за сексот, додава Гохир.