Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Гери Хардвик имаше 17 години кога ја запозна 71-годишната Алмеда, и како што вели тој, се заљубил во неа на прв поглед.
Тинејџерот и бабата се запознале на погребот од нејзиниот син кој починал на 45-годишна возраст, а завршиле во љубовна врска два месеци подоцна.
Гери, кој кратко пред врската со Алмеда раскинал со друга 77-годишна баба, вели дека знаел оти Алмеда е жената на неговиот живот штом ја здогледал и дека поради тоа ја побарал за сопруга после само два месеци врска, на што таа, нормално, се согласила.
Две години подоцна, парот уште е во брак и тврдат дека се посреќни од било кога.
„Кога некој искрено го сакате, годините се само бројка“, вели Алмеда и додава дека никогаш не се плашела од разлика во годините, а и Гери е со ист став.
„Никогаш не ме привлекувале млади жени. Ме порасна баба ми која одлично ја прифати мојата партнерка“, вели вљубениот тинејџер.
Сепак, иако тие двајца живеат во среќа и хармонија, многумина не се задоволни од нивната врска, вклучително и синот од Алмеда кој со неа не разговара веќе две години.
Сепак, нејзините шест внуци се среќни поради нивната баба бидејќи, како што велат: „Важно е таа да е задоволна“.