Home Вебкафе Водено торнадо ги исплаши туристите на плажа на Халкидики (видео)

Водено торнадо ги исплаши туристите на плажа на Халкидики (видео)

Импресивна, но во исто време и застрашувачка „водена пијавица“ се формирала во неделата наутро во близина на брегот на полуостровот Халкидики во Грција.

Туристите на плажата Ксенија, во близина на селото Палиури на југот на полуостровот, веднаш ги зедоа телефоните за да ја овековечат спектакуларната глетка, а снимката брзо се прошири на социјалните мрежи.

Имено, „пијавицата“ се појавила во текот на денот и во комбинација со високата температура и влажноста формирала вртлог помеѓу „облакот од бура“ и површината на морето.

Главната причина за оваа појава е големата температурна разлика помеѓу водните површини и горните слоеви на атмосферата.

Иако се послаби од торнадата, тие имаат брзина на ветер поголема од 100 километри на час, но кога ќе стигнат до копно, тие се распрснуваат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Љубов што му пркоси на времето: Романтичната бајка на Џон Бон Џови и неговата муза Доротеја, раскажана преку 36 рози и 36 години брак

Во светот на славните, каде браковите често траат колку и насловите на списанијата, ретки …