Vodafone прв активира 5G мрежа во Холандија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Vodafone вчера вечер ја активираше својата 5G мрежа низ половина од територијата на Холандија. Корисниците кои имаат претплата Red и телефон што поддржува 5G следнава недела ќе може да ги кристат предностите на побрза мобилна мрежа.

Vodafone е првиот холандски провајдер кој лансира 5G. Се очекува сите корисници на Vodafone да добијат пристап до мрежата до крајот на јули, објави NU.nl.

Регионот Ранштад, каде се наоѓаат Амстердам, Ротердам, Денар Хаг и Утрехт, како и поголемите градови во други делови на Холандија први ќе имаат можност да ја користат 5G мрежата. Vodafone ги користи постоечките антени и 4G инфраструктурата за да понуди 5G.

Од провајдерот велат дека корисниците прво ќе забележат мало зголемување на брзината на даунлодирање. Таа ќе биде во просек за 10% побрза од просекот на максималниот капацитет на 4G од 350 Mbps. Крајно, 5G ќе понуди брзина на даунлодирање од 1 Gbps.

Иако многу луѓе со нетрпение ја чекаат новата технологија, во Холандија има и противници на користењето 5G мрежа. Од 3 април, запалени беа 22 предаватели во земјата. Координативното тело за контратероризам NCTV смета дека инфраструктурата била уништена од екстремисти кои се противат на 5G мрежата која некои теории на заговор што кружат на социјалните мрежи ја поврзуваат со ширењето на коронавирусот. Научниците децидно ги негираат ваквите теории.