Водачот на навивачите на Лион му залепи шамар на навивачот кој го погоди Паје со шише (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ѕвездата на Марсеј, која во август се караше со навивачите на Ница, Димитри Паје сега беше погоден со шише на натпреварот против Лион.

По само две минути игра во дербито меѓу Лион и Марсеј се случи хаос поради кој мораше да биде прекинат натпреварот, откако Паје доби шише в лице.

Нема сомнеж дека Лион го чека голема казна поради неодговорниот навивач, па стадионот сигурно ќе биде заклучен на некое време, а се споменуваше и можност Лион да го игра мечот на неутрален терен.

Тоа очигледно не му се допадна на лидерот на навивачот на Лион, кој му „залепи“ жестока шлаканица на хулиганот.