Во знак за добредојде во НАТО македонското знаме денес ќе биде подигнато во Брисел и Норфолк


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со денешното попладневно подигнување на македонското знаме во седиштето на НАТО во Брисел церемонијално ќе се означи пристапувањето на Македонија во Алијансата.

Церемонијата на подигнување на знамето ќе се одржи истовремено во седиштето на Здружената команда за операции (Шејп –Монс) и во седиштето на Здружената команда на НАТО за трансформации во Норфолк, Вирџинија.

Свеченото подигнување на знамето предвидено е да се одржи во 15 часот, на кое е предвидено кусо обраќање на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и претставник на Делегацијата на Македонија во НАТО, но без присуство на медиуми.

Настанот во седиштето на НАТО ќе биде емитуван во живо на веб страницата на НАТО.