Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Специјалното јавно обвинителство денес отвори три нови истраги, меѓу кои едната е за пропаднатиот попис од 2011 година. Истрагата е отворена против тогашните коалициски партнери, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на ДУИ.
Според обвинителката Фатиме Фетаи тие ја злоупотребиле функцијата и нанеле штета на буџетот од 175.123.909 денари.
Причината за престанок на пописот, според СЈО било тоа што со спроведениот попис ќе им се нанесело огромна штета на угледот на лидерите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ Исто така според СЈО лидерите немале капацитет да спроведат реален попис кој би го покажал иселувањето од Македонија.