„Во Желино се роди една партија (движењето Беса), во Желино може и да се растури една Влада“ – закана од БЕСА заради прифатен приговор на ДУИ


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


„Во Желино се роди една партија (движењето Беса), во Желино може и да се растури една Влада“ – ваков статус вчера вечерта на својот Фејсбук профил сподеи Аријанит Хоџа. Државната изборна комисија вчера ги прифати приговорите на ДУИ и во оваа општина ќе има прегласување за градоначалник.

Општините Желино и Тетово се единствените општини каде Беса освои градоначакнички места по вториот круг од локалните избори. Разликата во гласови во предност на кандидатот на Беса пред кандидатот на ДУИ во Желино беше 69 гласа. По поднесените приговори на ДУИ, ДИК одлучи во Желино да има прегласување.

Утре ќе одржиме седница на централното претседателство, изјави вчера партискиот генерален секретар Аријанит Хоџа по одлуката на ДИК. Претседателството на партијата ќе заседава дали ќе ја напушти владеачката коалиција.

Во Желино кандидатот за градоначалник на Беса, Блерим Сејди, освои 5.171 гласа, а неговиот противкандидат од ДУИ, Фатмир Изаири, освои 5.102 гласа. Разликата е само 69 гласа.

Во приговорите на ДУИ се вели дека по гласањето во Желино, отпечатоците од прст не се совпаѓале со бројот на гласачите, а еден граѓанин гласал со неважечка лична карта.

Беса на оваа одлука на ДИК има право на жалба до Управниот суд. Евентуалната одлука за напуштање на владината коалиција на Беса, ќе значи и ново собраниско мнозинство и пад на Владата. Во Собранието Беса има четворица пратеници, а бројот на пратениците од опозицијата е 58. За собраниско мнозинство, 61 глас, потребни се уште три гласа.