Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во земјава се активни 207 случаи на заразени со Ковид-19. Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека се присутни два, три соја на вирусот, нагласувајќи дека превенцијата и вакцинацијата важат за сите соеви. Имено, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, интересот секојдневно се зголемува, а досега се вакцинирани 686.788 граѓани со една доза, а ревакцинирани се 252.338 граѓани.
„Принципите на превенцијата се истите и без разлика кој сој на вирусот ќе дојде ќе останат исти – маската, дистанцата, дезинфекцијата на рацете и ние не можеме да живееме затворени. Граѓаните мора да го имаат ова на ум и да имаат на ум дека станува збор за нивното здравје и кога е во прашање вакцинацијата, но и кога се во прашање превентивните мерки“, нагласи Филипче.
„Вакцинацијата и превенцијата се однесуваат на сите соеви. За колективен имунитет, треба да се вакцинираат помеѓу 70 и 85 проценти од населението“, изјави тој вчера.
„Се проценува дека до крајот на јули околу 500 000 луѓе ќе бидат вакцинирани со една доза и приближно толку ќе бидат ревакцинирани“, додаде Филипче.
Тој најави дека во случај на ширење на инфекцијата наесен, може да се воведат нови мерки за ограничувања.