Во здраво тело, здрав дух, дури и на снег – Антонио и Марија ќе ви покажат како се прави тоа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вежбањето не смее да  има застој дури ни кога надвор има снег. Антонио Димовски со неговата партнерка во вежбање Марија ќе ви дадат позитивен пример за тоа како да не престанете со вежбање ни во зима, кога снегот царува и на терените за улично вежбање, туку да го искористите истиот како реквизит за развежбувањето.

Како што вели Антонио, идејата е да се покаже дека секогаш и секаде, во секакви услови, може да се направи добар тренинг, користејќи го она што ти го нуди природата. За да се биде во топ форма, треба да се биде и креативен.