Во Задар погребан Масимо Савиќ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Славниот балкански музичар Масимо Савиќ беше погребан денеска во Задар. Неговата желба била да биде кремиран.

Ќерката Мирна и сопругата Ени Савиќ не можеа да ја сокријат болката на погребот на музичарот.

Придружба на Мирна беше и нејзиниот вереник Игор Павловиќ, за кого требало да се омажи на крајот на декември, но се беше одложено поради смртта на нејзиниот татко, пренесе Блиц.

Меѓу првите на гробиштата дојдоа колегите Џибони и семејството Хуљиќ.

Комеморацијата се одржа на 30 декември во Хрватскиот народен театар во Загреб, каде многу пријатели и колеги се простија од музичарот.

Масимо почина на 23 декември, а веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја споделија неговата сопруга Ени и ќерката Мирна.