Home Актуелно Во Врховен денес ќе се расправа за замрзнување на имотот на ВМРО ДПМНЕ

Во Врховен денес ќе се расправа за замрзнување на имотот на ВМРО ДПМНЕ

Специјалното јавно обвинитеслтво денеска пред Врховниот суд ќе го образложи своето барање за заштита на законитост со кое бара имотот на ВМРО ДПМНЕ, односно новото партиско седиште на партијата да биде замрзнато и да не се дозволи отуѓување или префрлање на други сопственици.

Поради технички причини, седницата минатата недела беше одложена. Брањето досега два пати им беше одбиено од судот, но од СЈО сметаат дека сопственоста на белата седумкатна палата треба да остане непроменета.

Во Талир првоосомничен е партискиот лидер Никола Груевски, а осомничени се и пратениците Илија Димовски, Даниела Рангелова и екс-премиерот Емил Димитриев, генералните партиски секретари Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски, шефовите на центарот на комуникации Александар Бичиклиски и Иво Котевски.

„Талир“ како истрага беше отворена еден месец пред крајниот рок на СЈО да поднесе обвиненија, но поради сложените и обемните постапки одлука дали ќе биде покренато обвинение не беше донесена во јуни.
Од СЈО преку 6месечниот извештај најавуваат дека по завршената постапка ќе биде донесена јавно обвинителска одлука, дали некој ќе биде обвинет за злоупотреба или за перење пари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…