Во возење ги покажа голите гради – сега ја бара цела полиција


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За време на возењето по автопат, една непозната девојка излезе низ покривниот прозорец од автомобилот и ги покажа своите разголени гради, па сега либанската полиција трага по неа заради овој инцидент и испад во сообраќајот.

Жената со разголени гради успеала да ја подели либанската нација – додека еден дел од луѓето инсистираат дека таа треба да се најде и да се уапси, има и такви кои не гледаат во што е проблемот, и ја подржуваат жената во нејзината, како што изјавуваат, намера да се изрази во оваа строго контролирана земја.

Факт е дека властите во Либан се многу строги – неодамна имаше неколку апсења на блогери кои пишувале против актуелната власт. Сепак, на автопатиштата се допушта тотално беззаконие, па така оваа мала земја всушност статистички има најголем број на сообраќајни несреќи, од кои многу како последица на алкохол и дрога.

Сепак, казните за таквите престапи се смешни, додека на оваа девојка и се заканува поприлично висока казна.