Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во текот на вчерашниот ден, поточно во 15.40 часот, на ул.„Димитар Осоговски“ во Виница, полициски службеници го лишиле од слобода 66-годишниот Л.И. од Виница, постапувајќи по претходна пријава за постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „полов напад врз малолетно лице кое не наполнило 14 години“.
За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Виница. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Осомничениот го искористил претходното познанство со детето, па во ноември 2019 година го намамил во помошна просторија на станбена зграда каде го извршил кривичното дело. Потоа тој му дал парични средства на детето за да молчи. Осомничениот го повторил половиот напад врз детето на 31 декември, по што било откриено кривичното дело и осомничениот е лишен од слобода.
Јавниот обвинител оцени дека постојат околности што укажуваат на бегство на осомничениот, страв дека осомниченот ќе ги сокрие трагите од кривичното дело и ќе го повтори делото, па во насока на обезбедување непречено водење на кривичната постапка до судија на претходна постапка во Основниот суд Кочани достави Предлог за определување на мерка притвор против осомничениот.
Основниот суд Кочани на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.