Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ЕХанг е кинески производител кој во Виена го презентираше првото такси-дрон возило кое на голема врата ќе го смени превозот на луѓе и други нешта на пократки и средни дестинации.
Беспилотното летало ЕХабг 216 може да превезува по двајца патници на мала височина на оддалеченост од 35 километри , за да им овозможи нов начин на превоз во големите градови. Технологијата сега е подготвена за сериско производство, но се уште новото летало нема дозвола од воздухопловните власти.
Новинарите беа повикани на кусо пробно летање на височина од десет метри, а потоа спуштање на фудбалски стадион.
Ова летало нема да може да се купи за лична употреба , туку им се нуди само на компании. Така , за сега има заинтересирани нафтени компании, туристички агенции, како и компании кои се занимаваат со транспорт на органи за трансплантација.
Со овој технолошки прогрес дефинитивно се отвора нова врата кон иднината на превозот на патници, пратки и други ствари на пократки и средни дестинации.