Во верижна сообраќајка на автопатот Белград – Скопје повредени 17 лица


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во верижен судар што утрово околу 8 часот се случи на автопатот Белград-Скопје повредени се 17 лица, меѓу кои шест деца.

Според неофицијални информации до несреќата дошло кога едно од возилата се излизгало по што останатите возила кои биле во колоната се удриле едно од друго, објави Телеграф.рс.

Од Брзата помош потврдиле дека има повредени и дека нивни екипи се на терен, но сè уште не може да дадат подетални информации.

На автопатот има застој, а повеќе од десетина возила се судрени.