Во Венецуела убиен студентскиот лидер Хуан Лопез


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Непознати лица ноќта четврток кон петок, на Технолошкиот факултет во сојузната држава Ансоатеги, го убиле претседателот на националната студентска организација на Венецуела, Хуан Лопез.

Засега нема информации за мотивите на напаѓачите, коишто стрелале во Хуан Лопез минувајќи со мотор покрај студентското собрание.

Со смртта на Лопез, бројот на убиени во протестите во Венецуела е 37, додека ранети или повредени се повеќе од 700 луѓе.

Во Венецуела и во четвртокот имаше големи студентски протести против владата предводена од претседателот Николас Мадуро.