Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ксиао Јинг потекнува од богато семејство, па својот дечко Ксиаоа Ју го запросила покрај автомобил и куфер во кој се наоѓале 146.105 долари.
Се се случиле во провинцијата Хенан на 15. август и тоа на стаклен мост. Девојката стоела во венчаница и својот дечко го запросила на необичен начин, со поставување на само еден услов.
Имено, тој морал да го премине стаклениот мост и да и каже „Да“.
„Ние сме веќе три години заедно. Среќна сум што го запознав, но не можам да се земам со тебе поради тоа што си срамежлив. Се е подготвено. Се што треба да направиш е да дојдеш до мене и јас ќе се омажам за тебе“, рекла таа.
За жал, нејзиниот дечко се плаши од висина. Тој се борел да го направи нејзиното барање, а дури и пријателите го буткале.
На крајот сепак сфатил дека не може, па се откажал и заминал. Снимката од оваа сцена стана хит на социјалните мрежи.
Многумина ја критикуваа девојката истакнувајќи дека нејзините методи да го примами момчето на брак навистина се непримерни, додека други мислат дека ова момче не сака пари.
Трети пак, тврдат дека целата оваа приказна е лажна.