Во вашиот брак ги снемува страстите? Прочитајте ги овие 7 совети и искористете ги!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ако се прашуваш дали е нормално да не чувствувате толку напнатост во близина на партнерот, одговор е „Да, тоа е нормално“. Страстите после некое време се менуваат во сите романтични односи и тоа не е знак за узбуна.

Ако ви е приоритет да го задржете вашиот брак, прочитајте ги нашите седум совети.

Размислете за своите очекувања и разговарајте за нив
Страстите во бракот не се стишуваат веднаш, туку пополека. Затоа е најдобро заедно да одвоите време и искрено да процените на кој стадиум се наоѓа вашиот брак. Најважна е искреноста за тоа што чувствувате или сакате и тоа да го изнесете на мирен начин, без обвинување.

Често се држете за рака
Кога последен пат се држевте за рака? Ако тоа ви е навика, браво, ако не е, што ве спречува? Тој мал израз често се заборава од повозрасните, бидејќи мислат дека тоа е само за тинејџери.

Флертувајте со него
Се сеќаваш на оние заводливи погледи кои си ги дававте, насмевките кои ве поврзаа? Многу е жално, тоа да го нема само поради тоа што сте во брак. Една од најважните работи е сочувување на страстите е константно флертување со партнерот.

Вложете повеќе време во односот
Освен што треба да вложувате во самиот однос, треба да вложите и во партнерот. Не е најважно вложувањето на пари, време или енергија поединечно. Идеално е сите три ставки да бидат опфатени.

Споделете некоја тајна
Признајте дека сте го забележале партнерот пред тој да ве забележи вас. Ваквите ситници ќе го направат среќен и задоволоен. Исто така, потсетете го за некои интимни моменти кои сте ги доживеале заедно на одредено место.

Често допирајте го
И на вас и на партнерот веруваме дека ќе ви се допадне. И тоа не само оние допири кои водат до секс, туку и оние по рака, по коса, лице и сл.

Издвојте време за секс
Ако никако не можете да стигнете да издвоите време за оваа активност, испланирајте ја задолжително. Во животот скоро се подредуваме, а за оваа активност ако остане време. Кога двајцата ќе го испланирате времето за сексот, придржувајте се за планот и реализирајте го.