Во Вардар едногласни: Не треба да се опуштиме!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар запиша убедлива победа над Загреб ви првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампиони, а пласманот меѓу осумте најдобри треба да го потврди во сабота.

Македонскиот шампион сигурно чекори на патот кој нов фајнл-фор, но „црвено-црбите“ пред мечот со Загреб повикаа на концентрација и не смее да има опуштање.

„Точно е дека резултатот од Загреб ни дава за право да веруваме дека работата е веќе завршена. Сепак, јас сум сигурен дека Загреб ќе дојде во Скопје со цел да си го обели образот. Важно за нас ќе биде да одиграме како што знаеме, онака како што игравме на првиот натпревар. Сите во тимот сме свесни дека Загреб нема да дојде со подигнато бело знаме во Скопје“, истакна капитенот Стоилов.

„Имаме одличен резултат од првиот меч во Загреб. Сепак, не смееме да се опуштаме. Никако не смееме да заборавиме дека Загреб е одлична екипа. Мораме да продолжиме во наш стил и да го одиграме сериозно овој натпревар. Мораме на најдобар можен начин да одработиме и на реваншот и така да се пласираме понатаму. Ќе се обидеме на реваншот да одиграат што повеќе ракометари, па на тој начин играчите да добијат поголема самодоверба за следниот натпревар“, изјави тренерот Парондо.