Во Валандово нема да има референдум за рудникот за бакар во Казандол


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Советот на општина Валандово денеска ја отфрли иницијативата за одржување на референдум за идниот рудник за бакар во Казандол. Со 7 гласови ЗА од опозициската партија СДСМ и 8 воздржани гласови од владејачката партија ВМРО ДПМНЕ, не беше изгласано барањето на граѓанската иницијатива Спас за Валандово. Советниците и градоначалникот посочија дека експертската јавност треба да биде најпрво консултирана, а потоа да се размислува за други чекори.

Референдум сега не, зошто рековте дека на еколошкиот елаборат не биле присутни доволно луѓе од општина Валандово, не треба да собирате потписи, граѓаните треба да ги слушнат експертите, изјави градоначалникот Николче Чурлиновски.

Опозициските советници на СДСМ незадоволни од гласањето ја напуштија седницата. Граѓанската иницијатива Спас за Валандово завчера одржа мирен собир, најавувајќи дека како алтернативна мерка ќе организираат собирање на потписи за организирање референдум.