Во вакви тензични времиња, потребна е утеха и оптимизам – еве неколку совети како да одржите позитивна енергија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Да се биде оптимист некогаш е лесно, ама некогаш е сериозен предизвик отежнат од дадени ситуации и околности. Некогаш едноставно ви фали да се почувствувате среќни, но никако не можете да си го доловите и постигнете тоа чувство.

Постои еден добар трик со кој ќе можете да го одржувате расположението и позитивната енергија: Мора да се осигурате дека секогаш ќе имате нешто што ќе ве турка напред. Еве шест работи кои ќе ви помогнат во тоа.

Започнете ново хоби

Занимавајте со некакво хоби кое ќе стане составен дел од вашиот живот. Не се сите хобија скапи, напротив некои можете да ги правите без да треба да трошите пари, а овие активности ќе ви помогнат да го избиструвате умот во тешки периоди и да ги растерувате лошите мисли.

Одвоете време за опуштање

Најдобро е ако секој ден имате време за опуштање, но ако поминувате низ тежок период, тогаш обидете се барем секој втор ден да одвоите време за опуштање. Еден час дневно посветен само на вас е нешто коешто ќе ви дава елан да продолжите напред, а вие можете да го пополните тоа време како сакате, сѐ додека ви дава некаков мир.

Направете си една добра колекција на книги

Ако имате добро снабдена домашна библиотека која ве носи во друг свет, секогаш ќе имате интелектуални и поттикнувачки искуства кои ќе ве туркаат напред во животот. Можете и да разменувате книги со пријатели, да барате онлајн рецензии за да најдете вашата совршена книга или да го пронајдете вашиот омилен жанр.

Социјалниот календар нека ви биде полн со работи кои ги сакате

Секако дека нема смисла да поминувате време со луѓе кои ве ицрпуваат или кои не се поврзуваат со вас на позитивен начин. Меѓутоа, бидете проактивни кога е во прашање организирање на времето кое ќе го поминувате со драгите луѓе. Погрижете се за тоа секоја недела да ручате, вечерате или да поминете барем една вечер со луѓе кои ги сакате.

Направети си залиха од убави задоволства

Вкусовите варираат од човек до човек, можеби за вас е задоволство едно прекрасно парче сирење или чоколадо, за некој друг тоа може да биде одреден чај или кафе. Клучно е секогаш да ги имате тие намирници дома за да можете секогаш да уживате во нив кога ви е потребна дополнителна мотивација. Иако треба да внимавате да не станете зависни од храна или алкохол, убаво е повремено да се наградите или утешите со она што го сакате.

Направете листа од работи кои ве прават среќни

Една од најкорисните работи кои можат да ви го осигурат доброто расположение! Направете попис на сѐ што ве прави среќни. Можеби тоа се некои од горенаведените предлози, но слободно додадете и свои.

Откако ќе го направите пописот, размислете на кој начин ќе можете да ги држите овие работи во својот распоред за да можете да се осигурате дека нема да помине ден во кој нешто нема да ве турка нанапред.