Advertisements
Актуелно

Во туристичките места се укинуваат квотите за лекови

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека укинувањето на квотите за лекови почнува од туристичките места.

Кој правел и како се правени злоупотреби со издавањето на лекови на рецепт, здравствените власти сè уште немаат конкретни информации. Укинувањето на квотите за лекови според министерот е решение кое ќе го реши недостатокот од лекови по 15-ти во месецот.

Филипче вели дека во туристичките места со години наназад локалното население се соочувало со недостиг на лекови, бидејќи туристи од други градови си носеле рецепти со нив и во Охрид и Струга ги подигнувале лековите.

Една од мерките ќе биде пациентот лично, со лична карта да ја подига терапијата во аптека.

Advertisements
To Top