Во Црно Море откриен брод потонат пред 2.400 години (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Истражувачки тим од поморски археолози и научници тврдат дека го открија досега најстариот потонат брод на светот.

Тимот верува дека откриле трговски брод од стара Грција, чиј облик досега е виден само како украс на древните керамички предмети.

Археолозите кои го истражуваат Црното море, соопштија дека бродот бил пронајден во близина на бугарскиот брег, на длабочина од дури 2000 метри, во услови без кислород, благодарејќи на кои древниот брод опстанал до денес.

Со анализа на радиоактивниот јаглерод диоксид од примероците земени од бродот, експертите утврдиле дека бродот е стар повеќе од 2.400 години.

Поморски археолози три години ја истражувале областа, користејќи технологија која претходно била достапна главно на нафтените компании.

Групата открила 60 остатоци од бродови, меѓу нив еден брод од козачката флота од 17 век и еден трговски брод од стар Рим со амфори на него.