Во центарот на Рим екплодираше бомба, за среќа нема повредени


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Денеска во центарот на Рим одекна експлозија, во која најмалку едно возило е оштетено, јавуваат локалните медиуми.

Ситуацијата е под контрола и никој не е повреден, изјави полициски претставник за телевизијата Раи њуз.

Експлозијата се случила на улицата Мармората во близина на поштата, според Ла Република.

Експлозијата ја исполнила областа со чад, а на местото се пожарникарски екипи, како и тимови за деактивирање бомби, додека полицијата ја има опколено областа.

Не видов пожар, но експлозијата беше силна, изјави еден очевидец за Раи њуз.

Бомбата беше во пластична кутија. Никој не беше повреден ниту погоден од експлозијата, изјави официјален претставник на противпожарната служба за Ла Република.