Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Американецот Марк Кларк успеал да го доживее она кое сите останати луѓе кои играат игри на среќа не можат да го доживеат ни за три животи – во три години дури двапати успеал да добие на лотарија милиони долари.
На лотаријата „греб греб“ Марк на двапати изгребал по 4 милиони долари.
Прв пат среќната милионска грепка ја изгребал кога точел гориво. Купил среќка инстант од лотарија, го изгребал бар кодот и го прочитал упатството кое гласело: „Обратете му се на службеникот“.
Како што е и предвидено, службеникот потоа од среќката го изгребал остатокот од кодот и шокиран од тоа што го видел на Марк му порачал: „Штотуку освои четири милиони долари“.
Слично нешто Марк доживеал и месецов, кога повторно купил среќка „ греб – греб“ од лотаријата на државата Мичиген. Среќниот Американец повторно ја изгребал истата сума, од 4 милиони долари.
Тој вели дека сега среќката ја гребел со паричка, која пред десетина години му ја дал неговиот сега покоен татко.
50- годишниот Марк Кларк истакнува дека и покрај милионските добивки не планира да си го промени животот, тој и понатаму ќе живее мирен пензионерски живот и ќе ужива во своето хоби, рибарењето.