Во Тетово разрешен директор на средно училиште поради учество во насилствата во Собранието


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Директорот на средното земјоделско училиште Моша Пијаде, Александар Бачевски е разрешен од таа функција со решение на градоначалничката на Тетово Теута Арифи.

Според снимките од безбедносните камери за време на настаните во Собранието на 27 април се гледа како Бачевски учествувал во толпата што ги напаѓаше пратениците, jaви Алсат.

За градоначалничката Арифи нема никаква дилема дека Александар Бачевски не може повеќе да биде директор на едно училиште.