Во тешка сообраќајка во Тетово загина 18-годишно момче


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во тешка сообраќајка која се случи вчера вечерта, кај 22:30 часот, во близина на тетовската касарна, животот го загуби 18-годишно момче од Тетово.

Како што информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, до несреќата дошло поради судир на две возила, едното марка „ауди“ кое го управувал 17 годишник и „рено меган“ што го возел 19 годишник. По судирот животот го загубил 18 годишниот Ш.Љ кој бил сопатник во аудито. Втор сопатник во аудито на возраст од 16 години добил тешки повреди, по што е однесен во Клиничкиот центар во Скопје.