Во тешка сообраќајка кај село Мрзенци загинаа две лица


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Двајца струмичани денес во пладневните часови ги загубија животите во трагична и тешка сообраќајна несреќа.

Според првичните неофицијални информации, сообраќајната несреќа се случила во во 13,20 часот, на автопатот А1 во правец од с.Смоквица кон Гевгелија, кај с.Мрзенци, помеѓу два мотори.

Во несреќата животот го изгубија Ј.Ј (22) од с.Добрејци, Струмичко и А.Ѓ(35) од с.Робово, Струмичко.

Увид на лице место извршија увидна екипа од ОВР- Гевгелија и јавен обвинител.

По Наредба на јавен обвинител телата на починатите се предадени на обдукција во Инстиутот за судска медицина Скопје.