Во тек се подготовките за празникот „Свети Никола“- духовниот патрон на Прилеп


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во тек се подготовките за прославата на големиот христијански празник „Свети Никола“. По повод чествувањето, домаќинот на годинешната градска слава, хотелот „Салида“ со голема посветеност работи на подготовки на сите активности што се одбележуваат на 19-ти декември во Прилеп.

Според домаќините на славата, чествувањата започнуваат со утринска богослужба во црквата „Свето Благовештение“. Потоа литијата од црквата ќе се упати до параклисот што го носи името на светецот во центарот на градот.

За вкусните светиниколски сарми се ангажирани дел домаќинки коишто традиционално ја подготвуваат трпезата во центарот на градот. Војници од касарната „Мирче Ацев“ ќе го подготват светиниколски грав.

Општина Прилеп и хотелот „Салида“ ги покануваат граѓаните да бидат дел од прославата на градската слава „Св. Никола“, која што ги негува вековните традиции на Прилеп.