Во свлечиште во Колумбија најмалку 361 загинат


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најмалку 316 лица, меѓу кои над сто деца загинаа во катастрофалните свлечишта, кои по поројните дождови кон крајот на март го погодија југозападниот дел на Колумбија, соопшти колумбиската Влада.

Министерот за екологија, Луис Алберто Муриљо најави дека подрачјето, каде што се случи несреќата во Мокоа ќе биде прогласено за целосно заштитетна зона, што значи дека отсега индустриските активности, ќе бидат изведувани надвор од тоа подрачје.

Во несреќата се повредени најмалку 332 лица, а 4.506 лица останаа без домови.

Свеличиштата практично го затрупаа колумбискиот град Мокоа со 70 илјади жители, по поплавите кои настанаа како последица на повеќедневните поројни дождови.