Во судница денес ечеа пет „бомби“ за случајот „Тендери“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денес во Кривичниот суд јавно се слушаа пет прислушувани разговори, кои СЈО ги предложи како доказ во случајот „Тендери“. Во овој случај првообвинета е бившата министерка за култура Елизабета Канческа Милевска.

Четири од разговорите се од 2011, а еден од 2013, а главни актери се Канческа-Милеска, Миле Јанакиески, Илија Бреслиски и Гордана Јанкулоска.

Првиот разговор зборуват Јанакиески, Канческа Милевска и Бреслиски.

„Здраво директоре. Тука е Миле. Еве седиме со Бети и те поздравува. Утре објава ќе имало, ама еве ти ја Бети, она ќе ти објасни – му вели Јанакиески на Бреслиски.

„Здраво директоре, утре ќе го објавиме тендерот и тоа на вас ќе ви се падне. На вас ќе ви го дадеме. Анексот го решив денеска, а покрај анексот има и други работи, кои излегоа дополнително, но немам пари, па на тендер ќе направиме се вие да добиете. Ја тераме да нема застој, 48 милиони денари ви се пуштени денеска – му вели Канческа Милевска на Бреслиски.

Потоа Канческа повторно се осврнува на тендерот кој што утредента треба да го објават, па повторно му вика на Бреслиски.

„Вие терајте како се да си е во ред. Дојди во министерството утре, дојди до кај Лидија, па ќе зборуваме – завршува Канческа.

Вториот разговор е помеѓу тогашна министерка за култура и нејзиниот колега Миле Јанакиески.

„Бети до каде е тендерот. Премиерот ме прашуваше“.

На ова министерката му одговара дека се работат проектите. Таа му се жали дека се нема пари, па во септември да даделе нешто со ребаланс на буџетот.

„Или да се соблечеме и да ги продаваме алиштата – му вели министерката, уште еднаш потенцирајќи дека немаат пари.

И третиот телефонски разговор е меѓу двајцата тогашни министри, а во него Канческа му се жали на Јанакиески колку ја нервира директорот на Бетон Штип, Бреслиски.

„Колку ме нервира овој Илија, органски не можам да го поднесам. Ми доаѓа да му го ркнам носот, а морам да го трпам – вели Канческа, која зборува и за некој Ице, за кој вели дека и доаѓало да го дави и од вода да не го извади.

По навредите за директорот, таа го потсетува Јанакиески дека утре ќе излезе објавата за тендерот.

Извор: Фокус