Во судир на автомобил со камион кај Крива Паланка загина едно лице

трагедија

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во судир на Opel Corsa со товарно возило од марката Mercedes кој предизвика тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Крива Паланка-Деве Баир, загина едно лице, а друго е потешко повредено.

Според полицискиот извештај:

Вчера во 15:00 часот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир, во атар на село Кркља, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(65) од Скопје и товарно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(32) од Крива Паланка. Во незгодата С.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Здравствениот дом-Крива Паланка, каде околу 15:50 часот починал. Сопатничката од истото возило, К.С.(65) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена и задржана во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.