ВО СТИЛОТ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА: Нападнат главниот штаб на ВМРО – ДПМНЕ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ноќеска со топки во боја, во стилот на „шарената револуција“ беше нападнат централниот штаб на ВМРО ДПМНЕ во Скопје. Опозициската партија ја обвини Власта за инцидентот, а од СДСМ се оградија од одговорност.

„Како одговорна партија, отфрламе каква било поврзаност со случајот, СДСМ никако не може да биде виновен за поделбите внатре во опозициската партија. СДСМ јасно и недвосмислено беше дел од Шарената револуција во вистинските моменти кога државата требаше да се спаси од криминалот, поделбите и изолацијата, и тоа не го криеше. Во улога на владејачка партија, СДСМ ја води државата напред и работи исклучиво во интерес на граѓаните. Очекуваме сите надлежни институции, согласно нивните законски надлежности, да го расчистат овој случај”, се вели во соопштението од СДСМ.

Фото: Плусинфо