Во стан во Хјустон пронајдени три напуштени деца и коски од дете кое починало пред една година


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тексашките полициски служби пронашле три напуштени деца, како и човечки коски, кои би можеле да припаѓаат на малолетно лице.

Полицијата открила малолетници на возраст од 7, 10 и 15 години во станбен комплекс западно од центарот на Хјустон, изјавил шерифот на округот Харис, Ед Гонзалес.

Филијалата на NBC KPRC објави дека полицијата вчера ги пронашла децата и дека коските може да му припаѓаат на нивниот брат или сестра.

„Би сакале да идентификуваме кои се нивните родители или потесното семејство. Засега не сакаме да шпекулираме, истрагата е во тек. Изгледа тие самите се грижеа еден за друг, што всушност е многу тажно. Најстарата малолетничка очигледно давала се` од себе за да се грижи за другите деца “, рече Гонзалес на прес-конференција.

„Веруваме дека пронајдените човечки коски припаѓаат на дете, веројатно брат или сестра на напуштените деца. Човечките останки се во објектот подолго време. Во станот имало храна. Не знаеме како децата ја набавувале. Не го довршивме претресот на станот, за да ги имаме сите информации “, додаде тој.

Ова е срцепарателно. Становите во округот Харис се наоѓаат во станбен комплекс на 3535 Грин Крест, во близина на автопатот Адикс Клодин и Вестпарк. Полицијата во станбената единица пронашла три напуштени малолетници на возраст од 7, 10 и 15 години. Во зградата се пронајдени и човечки коски, кои веројатно исто така припаѓаат на малолетно лице“, објави канцеларијата на округот Харис на Фејсбук.

Скај њуз пишува дека 15-годишникот наводно рекол дека неговиот помал брат бил мртов една година и дека е во соседната соба и дека нивните родители неколку месеци не живеат со нив во станот.