Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, поднесена е кривична пријава против Шеснаесетгодишно момче кое со нож го прободел својот соученик во стомакот во училишниот двор каде што и двајцата учат.
Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 16 годишен малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
Според информациите од полицијата, на 10 април, годинава околу 13,00 часот во училишниот двор од средно училиште од Скопје по претходна вербална расправија со негов врсник Ф.Р. пријавениот со нож му нанел убодна рана во пределот на стомакот.