Актуелно

Во среда Уставен ќе одлучи дали ќе се стопат земјоделските субвенции

Уставниот суд закажа седница за следната среда на која ќе се одлучува дали може да почне исплатата на субвенциите за земјоделците.

Уставните судии на седницата ќе ја разгледуваат иницијативата поднесена од земјоделското здржение Агротиквешија со која се бара оспорување на членот од Изборниот законик според кој е забранета исплата на субвенции се до фомрирање на нова Влада. Дел од агроекспертите очекуваат Уставен да го оспори членот, оти се работи за редовни исплати планирани во Буџетот.

Дел од правните експерти сметаат дека и доколку Уставен не го оспори членот, сепак субвенциите треба да се исплаќаат.А ако судот ја прифати иницијативата тогаш Министерството за финансии треба веднаш да постапи по одлуката.

Министерот за финансии Кирил Миноски неодамна изјави дека главна пречка за исплатата за одредбите од Кривичниот законик.Миноски тврди дека пари во Буџетот има, и доколку Уствен суд го оспори членот веднаш ќе почнат со исплата.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Игор Златков, вели дека тој ги потпишува налозите за исплата и ги праќа во Министерството за финансии, но оти деблокадата на исплатата зависи од одлуката на Уставен.

Во меѓувреме земјоделците веќе губат надеж дека ги добијат субвенциите. Со оглед на политичката состојба и насилсвата што се случија во Собранието, дел од земјоделските здруженија велат дека не сакаат дополнително да прават проблеми и оти ќе почекаат до крајот на месецов. Сепак посочуваат дека решението за нивниот проблем зависи од тоа колку побрзо ќе се формира нова Влада.

Седум месеци земјоделците ги чекаат своите субвенции. Исто толку време надлежните лиферуваат образложенија зошто е стопирана исплатата на субвенциите, но се се лицитираше и со рокови кога ќе се деблокира исплатата. Исплатата се проблематизираше откако одговорните службеници во Министерството за финансии не сакаа да ги потпишат налозите за исплата, поради страв од кривична одговорност.Засега останува непознато кога земјоделците ќе видат пари на сметка, оти се зависи каква одлука во среда ќе донесе Уставниот суд. Државата на земјоделците им должи околу 95 милиони евра од кои поголемиот дел за субвенции за 2016, но дел и за 2015 и 2014 година.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top